Нафтена дамка од серија украински напади врз рафинеријата во Туапсе се приближува до местото каде што се наоѓа резиденцијата на Путин

Нафтена дамка, создадена по серија напади од Украина врз рафинеријата во Туапсе, се движи покрај брегот на Црното Море кон подрачјето на Геленџик. Дамката се приближува и до местото каде што се наоѓа резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин, позната како „Путинова палата“. Според информациите од медиумите, моментално се наоѓа на околу 30 километри од комплексот на ртот Идокопас.

Сателитските снимки покажуваат дека загадувањето се шири по крајбрежјето поради низа експлозии и пожари во рафинеријата, предизвикани од напади со беспилотни летала. По нападите во април, кога избувнале значителни пожари и биле оштетени повеќе резервоари за нафта, локалните власти одлучиле да евакуираат дел од населението. Во регионот е забележано и значително загадување на воздухот и почвата.

Прочитајте и:  Учениците присуствуваа на традиционалната церемонија за свечено заменување на знамето во кабинетот на претседателот.

Според извештаите, ова е сериозно еколошко загадување, кое може да има долгорочни последици за локалните екосистеми и туристичката индустрија во црноморскиот регион. Руски официјални лица ги обвинуваат украинските сили за нападите врз енергетската инфраструктура, додека од Киев се укажува дека операциите се насочени кон руската нафтена индустрија како дел од нивната воена стратегија.