(Видео) Меси под истрага на Лигата МЛС

Лионел Меси е предмет на истрага од страна на Дисциплинската комисија на МЛС поради инцидентот со Квин Саливан во текот на мечот помеѓу Интер Мајами и Филаделфија Јунион, кој заврши со резултат 2:2.

Капитенот на Мајами се соочува со потенцијална казна откако беше снимен како удира противнички играч во задниот дел на главата.

Средбата помеѓу Мајами и Јунион беше исклучително напната, а ситуацијата стана критична во второто полувреме. Меси, кој претходно постигна гол, влезе во вербален конфликт со Саливан додека неговиот тим се обидуваше да го поврати водството.

Иако помладиот брат на Квин, Каван Саливан, направи фаул над Јаник Брајт, инцидентот со Меси привлече најголемо внимание.

Нервозата на теренот се зголеми по израмнувањето на Јунион, што доведе до чести судири меѓу играчите. Видеото кое стана вирално покажува како Меси го удира Саливан со отворена дланка, по што следува вербална конфронтација.

Судијата не реагираше во тој момент, така што челниците на лигата одлучија да ја разгледаат ситуацијата подоцна.

Дисциплинската комисија сега ќе го анализира видео материјалот и ќе одреди дали се потребни санкции. Ако се утврди насилно однесување, Меси би можел да добие казна или суспензија за еден натпревар.

Фото/ Depositphotos