Италијанскиот тенисер, Матео Беретини, го порази светскиот број 10, Данил Медведев, со впечатлив резултат од 6:0, 6:0 во второто коло на Мастерсот во Монте Карло, и тоа за само 49 минути.
Оваа победа најверојатно е најтешкиот пораз во кариерата на рускиот тенисер, кој некогаш бил на првото место.
Медведев одигра многу слабо, што го покажува и статистиката: имаше пет двојни грешки, само 36% на првите сервиси и дури 27 неизнудени грешки.
Прв пат во кариерата, загуби натпревар без да освои ниеден гем, при што имаше само две гем топки, на самиот почеток од мечот, на сервисот на италијанецот.
Негативната емоција достигна врв со загубата на осмиот гем по ред, со резултат 6:0 и 2:0 од Беретини, кој некогаш бил шести, а сега е на 90-то место на АТП листата. Во момент на фрустрација, Медведев го скрши својот рекет и го фрли во канта за отпадоци. Можете да го погледнете неговиот гнев ТУКА.
Со оваа победа, Беретини се пласираше во осминафиналето, без загубен гем.
Во првото коло, Италијанецот се соочи со Роберто Баутиста Агут, кој му го предаде мечот поради повреда, додека Беретини водеше со 4:0 во првиот сет. Оваа победа против Медведев е прва за него против играч од топ 10 во светот во тековната година.




