(Видео) Конфликт помеѓу планинари и велосипедисти на Водно заврши со повикување полиција

Конфликт на Водно помеѓу планинар и велосипедист

На Водно избила силна расправија помеѓу рекреативен планинар и велосипедист. Инцидентот се случил откако едно младо момче се спуштало со велосипед низ патеката која обично ја користат пешаците. За еден од планинарите, ова претставувало голема закана за безбедноста на оние што пешачат, па по жешката дебата, повикале и полиција.

Велосипедистот, кој подели видео од ситуацијата, истакна дека не постоел знак кој укажува дека патеката е исклучиво за пешаци, а исто така наведе дека возел со прилагодена брзина за да може да запре. Но планинарот настојуваше дека велосипедистот треба да се врати назад, мислејќи дека патеката не е погодна за велосипедисти и дека за тоа има и одреден знак.

Прочитајте и:  Ливерпул однесе светло на изгледот на споменикот во чест на Жота (ФОТО)

Тој исто така спомна дека негов близок бил тешко повреден во сличен инцидент, а на патеката имало и деца во непосредна близина. Видео од целото настанување, кое велосипедистот го објави, стана предмет на дискусија помеѓу граѓаните.