Новак Ѓоковиќ извојува голема победа против Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австралија Опен, остварувајќи пресврт од 0:1 на 3:1. Во моментот кога српскиот тенисер направи клучен брејк во вториот сет, коментаторот на Еуроспорт го нарече Ѓоковиќ „тениски професор“ и потоа изненадувачки ја поврза ситуацијата со актуелните студентски протести во Србија.
Во сред пренос, тој истакна:
“Додека уживаме во мајсторијата на тенискиот професор, не смееме да заборавиме дека студентите и професорите ширум Србија се борат за своите права. Нивниот глас треба да се чуе!”
Овој коментар брзо се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи реакции кај спортската јавност и политичките аналитичари. Некои го пофалија коментаторот за неговата храброст, додека други сметаат дека спортските преноси не се место за вакви пораки.
Сè уште нема официјална реакција од Еуроспорт, но јасно е дека повикот за студентска поддршка не помина незабележано.