(Видео) Калиопи ја прими најоригиналната награда по три концерти за еден месец!

Македонската поп-дива, во неполни еден месец, трипати ја исполни салата на Филхармонијата до последното место. На овие незаборавни вечери, кои траеа два и пол часа без пауза, таа ги изведе своите најголеми хитови, преносејќи позитивна енергија и делеејќи моменти непознати за дел од публиката. Аплаузите беа неизбежни, а социјалните мрежи беа преплавени со пофални коментари.

Вториот концерт доби посебна магија уште пред да започне. Миа и Анастасија, две од најмладите обожаватели на Калиопи, ја пречекаа зад сцената и ја изненадија со рачно изработени патики од „РВР бренд“. На тие уникатни патики биле испишани стихови од „Црно и бело“, заедно со нацртани ликот на Калиопи и нејзината карикатурна верзија во стилот на „Симпсонови“. Овој бренд досега изработил персонализирани модели за десетина балкански и светски ѕвезди, вклучувајќи и Џејсон Деруло, а поп-дивава се најде меѓу нив.

На концертот се развеа и македонското знаме, а Калиопи испрати порака до своите сограѓани: „Знаете што, мои Македонци, браќа и сестри, благословени сме ние. Секаде нè сакаат, сега е време да научиме да се сакаме повеќе.“ Од сцената го спомена и Ромео Грил, за кого рече дека „ја знаел најдобро“ и ги пишувал зборовите што таа сакала да ги изговори, но не можела самостојно да ги напише. Го спомена и Васил Зафирчев, кој доби громогласен аплауз.

„Прагма продукција“ ја најави и четвртата вечер на Калиопи, закажана за 30 декември, која е речиси целосно распродадена. Последните билети се уште доступни.