(Видео) Јувентус триумфираше над Болоња

Фудбалерите на Јувентус постигнаа важна победа против Болоња со резултат 1:0 во драматичниот натпревар во 15. коло од Серија А.

Клучната фигура на „Старата дама“ беше Хуан Кабал, кој го постигна единствениот гол со глава во 64-тата минута, по прекрасниот центаршут на Кенан Јилдиз.

По директниот црвен картон за Торбјорн Хагем во 69-тата минута, стана јасно дека тимот на Лучано Спалети во голема мера ќе ја задржи предноста на „Ренато Дал’Ара“.

Болоња сигурно ќе жали за пропуштените шанси во првото полувреме. Рикардо Орсолини ја имаше првата добрa прилика во петтата минута, додека Надир Зортеа ја погоди гредата во судиското продолжение.

Сивило во второто полувреме го разби Кабал со својот одличен скок, по комбинацијата со Јилдиз и Консеисао.

Со овој триумф, Јувентус се искачи на петото место со вкупно 26 бода, што е седум помалку од водечкиот Интер.

Болоња не успева да победи веќе три натпревари и моментално е на шесто место со 25 бода.

Foto/ depositphotos