Фудбалерите на Торино и Интер завршаа со нерешено 2:2 во натпреварот во рамките на 34-то коло во Серија А.
„Нероазурите“ ја испуштија предноста од 2:0 во завршницата на мечот, но овој кикс не ќе им ја наруши патеката кон титулата.
Со четири кола до крај, тимот предводен од Кристијан Киву има 10 бода предност пред второпласираниот Наполи, и значително подобра гол-разлика.
Интер рутински го освои Торино, прво со голот на Маркус Тирам во 23-та минута, а потоа и со голот на Јан Бишек во 61-та минута.
Џовани Симеоне го намали резултатот на 2:1 во 70-та минута, а Никола Влашиќ од пенал во 79-та минута доведе до бод за „биковите“.
Натпреварот го издвои левиот бек на Интер, Федерико Ди Марко, кој асистираше за двата погодоци на тимот, стекнувајќи статус на апсолутен рекордер во Серија А. До сега, тој има 18 асистенции, надминувајќи го претходниот рекорд од 16 асистенции во една сезона, кој беше во сопственост на Папу Гомез во сезоната 2019/2020.
Со овој бод, Торино теоретски го обезбеди опстанокот, со вкупно 41 бод и е на 13-то место.
Foto/ EPA/ALESSANDRO DI MARCO




