(Видео) Интер истрајно се приближува кон титулата шампион

Фудбалерите на Интер остварија убедлива победа над Каљари на својот терен со резултат 3:0, во рамките на 33-то коло од Серија А.

Од самиот старт, Интер демонстрираше висок темпо на играта, со постојан посед на топката и интензивен притисок врз одбраната на Каљари. Гостите од Сардинија успеаја да ја сочуваат својата мрежа неизменета во првото полувреме, кое заврши без голови.

Првиот гол падна во 52-та минута, кога Маркус Тирам со глава ја смести топката во мрежата, по прецизен центаршут од левата страна.

Само четири минути подоцна, Николо Барела ја зголеми предноста на својот тим, а конечниот резултат го постави Зиелински во втората минута од судиското продолжение.

Прочитајте и:  (Видео) Минесота изедначи со Сан Антони и ја совлада Филаделфија со „метла“ во Њујорк

По оваа победа, Интер има 12 поени предност пред Наполи, со натпревар повеќе.

Фото/ EPA