Фудбалерите на Интер направија неверојатен пресврт и се пласираа во финалето на Купот на Италија. „Нероазурите“ продолжуваат да се борат за два значајни трофеи оваа сезона, бидејќи сè укажува дека ќе го освојат Скудетото, а истовремено ги очекува и финалето на Купот.
Во само девет дена, Интер и Комо одиграа два спектакуларни натпревари, а „неразурите“ излегоа како победници, враќајќи се од негатива од два гола.
Комо први ја отвори играта во 32-рата минута, кога Марко Батурина ги изненади домашните навивачи со гол.
Одличниот Лукас Да Куња ја дуплираше предноста за Комо во 48-та минута, успешно реализирајќи шут по десната страна.
Клучен момент за Интер беше неверојатниот настап на Сучиќ и Чалханоглу. Хрватот два пати му асистираше на Турчинот, кој постигна два гола. С конечниот гол за победата и пласман во финалето беше дело на Сучиќ во 89-та минута.




