Во петокот вечерта, на автопатот Канецу во Јапонија, се случи ужасна сообраќајна несреќа со тешки последици. Во верижниот судир учествуваа повеќе од 50 возила, вклучувајќи автомобили и камиони. Според почетните информации, најмалку две лица го загубиле животот, а 26 други се повредени, од кои пет се во критична здравствена состојба. Снимките и видеата од местото на несреќата за жал сведочат за сериозноста на инцидентот…




