(Видео) Фудбалерките од Иран се соочуваат со закана од смртна казна

Фудбалерките на Иран беа прогласени за „воени предавници“ од страна на иранската државна телевизија, поради нивниот гест на Азискиот куп во Австралија. Специфично, нивното одбивање да ја пеат химната пред натпреварот со Јужна Кореја предизвика сериозни осуди. Водителот на телевизијата истакна дека тие треба да се соочат со „жиг на срам и предавство“.

Мохамад Реза Шахбази, радикален портпарол на режимот, истакна дека властите мора да ги третираат како предавници, што во Иран може да доведе до смртна казна. „Во воени времиња, со предавниците мора да се постапува построго. Секој кој во такви услови презема нешто против државата, треба да понесе сериозни последици. Наша фудбалска репрезентација, која не ја пееше химната, и сè што доаѓа со тоа, не е само симболичен гест. Таквите индивидуи мора да носат жиг на срам и со нив треба да се постапи одлучно“, изјави Шахбази.

Прочитајте и:  Министерот за одбрана на САД со цврсто предупредување до Куба

Фудбалерките и нивната тренерка Марзија Џафари молчеа додека се интонираше химната, што многумина го толкуваат како протест против исламскиот режим. Овој гест се случи само два дена по убиството на ајатолах Али Хамнеи во напад спроведен од САД и Израел.

Поради заканите од Иран, сè погласни се повиците за обезбедување азил во Австралија. На стартот на Азискиот куп, Иранките доживеаја значителни порази од Јужна Кореја (3:0) и од домаќинот Австралија (4:0). Во последното коло од групната фаза, во недела, ќе се соочат со Филипините. Победа во тој натпревар би можела да ги задржи во игра за плеј-оф, бидејќи две од најдобрите третопласирани селекции исто така ќе продолжат понатаму.