(Видео) Дончиќ покажува врвна игра

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше клучен играч во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 133:121. Дончиќ постигна импресивни 34 поени, од кои дури 20 во првата четвртина, а на својот настап додаде и 12 скока и седум асистенции.

Оваа победа претставува 13-та во последните 15 натпревари за Лејкерс. Дончиќ беше силно поддржан од Остин Ривс, кој постигна 33 поени и забележа осум асистенции, и Деандре Ајтон со 22 поени и 12 скока. Леброн Џејмс не ја играше утакмицата поради болка во левото стапало, а оваа сезона одигра само четири натпревари поради повреда.

Во отсуство на Леброн, Дончиќ ја покажува својата најдобра форма досега. Тој моментално е лидер во НБА лигата со просечни 35 поени по натпревар и четвртиот асистент со 9,2 асистенции по натпревар. Оваа средба со Пеликанс беше негов шести последователен натпревар во кој постигна 30 или повеќе поени.

Прочитајте и:  (Видео) Масовни демонстрации во Тирана: Граѓаните се против луксузниот проект на зетот на Трамп

Лејкерс сега се на второто место во Западната конференција со сооднос од 15 победи и 4 порази.

Резултати:

Јута – Хјустон 101:129
/Бејли 19 – Шенгун 27/

Кливленд – Бостон 115:117
/Мобли 27 – Причард 42/

Филаделфија – Атланта 134:142 (115:115)
/Макси 44 – Џонсон 41/

Њујорк – Торонто 116:94
/Таунс 22 – Квикли 19/

Портланд – Окалхома 115:123
/Обадија 31 – Гилџес Александер 26/

Минесота – Сан Антонио 125:112
/Едвардс 32 – Фокс 25/