Лос Анџелес Лејкерс остварија победа против Њу Орлеанс со резултат 111:103 во рамките на шестте натпревари кои се одиграа во НБА лигата изминатата ноќ.
Лејкерс ја добија последната четвртина со убедливи 32:17, што им овозможи да го решат прашањето за победникот, откако Пеликанс во поголемиот дел од натпреварот се наоѓаа во водство со 11 поени.
Лука Дончиќ направи вистински спектакл, постигнувајќи неверојатна тројка за 105:96, со што ги оконува шансите на Њу Орлеанс.
Дончиќ заврши со 30 поени и 10 асистенции, додека Леброн Џејмс исто така забележа 30 поени. Ејтон придонесе со 18 поени и 11 скока.
За Њу Орлеанс, Треј Марфи имаше фантастичен настап со 42 поени, додека Зајон Вилијамсон постигна 15.
Резултатите од останатите натпревари се:
Минесота – Мајами 122:94
Индијана – Кливленд 116:120
Вашингтон – Орландо 120:112
Мемфис – Сан Антонио 106:105
Сакраменто – Далас 98:100
Фото: EPA




