Благодарност до сите што не го прифатија филмот, сето тоа ќе биде дел од филмот, рече Слаткар, кој најави спектакл на 2 август во Охрид.

Раперот Слаткар во својата последна изјава за медиумите сподели некои мисли за контроверзиите околу филмскиот проект за него, како и за откажаната финансиска поддршка. Тој нагласи дека, иако негативните реакции можеби изгледаат како проблем, всушност му помогнале да го унапредат филмот. Сподели дека снимањето е во напредна фаза и дека досега е завршена речиси половина од продукцијата.

„Самиот филм веќе е подготвен на половина. Во принцип, можеби сето ова што се случи – целото тоа ‘истурање кофи’ со… еден вид негативизам – ми стана познато. Баш кофи со говна“, изјави Слаткар.

Тој истакна дека, иако се чинеше како сериозен удар за проектот, кај него нештата всушност ја зголемија тежината и автентичноста на филмот. „Можеби од страна делува лошо, но ни го подобри филмот. Сè тоа ќе биде интегрирано во конечниот производ. Како што велат, секое лошо на крајот носи нешто добро. Можеби ќе звучи чудно, но – фала им“, додаде тој.

Прочитајте и:  ФИФА ќе ја испита аферата по завршувањето на финалето на Светското првенство

Слаткар исто така најави дека публиката може да очекува квалитетен филм, и покрај тоа што засега не открива кога ќе биде премиерата. „Ќе имаме одличен филм, луѓе. Сигурен сум дека не сте свесни колку добар ќе биде. Се уште не можам да кажам кога ќе излезе, но знам дека кога се случи, сите ние што сме дел од него ќе бидеме горди“, заврши Слаткар.