Аргентина стана последниот полуфиналист на Светското првенство, откако ја совлада Швајцарија со 3:1 по продолженија во напнато четвртфинале одиграно во Канзас Сити.
Алексис Мек Алистер ја донесе Аргентина во водство, а Ден Ндоје израмни за Швајцарија. Хулијан Алварез и Лаутаро Мартинез ја осигурија победата за актуелниот шампион во дополнителните 30 минути.
Аргентина поведе во 10-та минута, кога Лионел Меси изведе корнер. Алексис Мек Алистер, оставајќи го незабележан на првата статива, со глава ја погоди мрежата зад Грегор Кобел.
До полувремето, Аргентина ја контролираше иницијативата без многу тешкотии, но не знаеше да го искористи моментумот за втор гол. Единствената сериозна закана за Швајцарија дојде од Џибрил Соу, чиешто шут од дваесет метри заврши во рацете на Емилијано Мартинез.
Во 67-ма минута, Мартинез беше немоќен. Ндоје и Родригез успешно комбинираа, а швајцарскиот напаѓач постигна израмнувачки гол со прецизен удар од близина.
Потоа, на теренот следуваше невообичаен момент кога Енболо, со солзи во очите, ја напушти играта поради исклучување.
Со играч повеќе, Аргентина ја презеде контролата и продолжи со притисокот, но до крајот на основното време не успеа да постигне нов гол. Најблиску до тоа беа Меси, кој шутираше покрај стативата и Лисандро Мартинез, чии обид Кобел го одбрани со извонредна интервенција.
Притисокот продолжи и во продолженијата. Во 95-та минута, Тијаго Алмада ја погоди стативата со шут од дваесет метри, а натпреварот беше решен во 112-та минута. По одбранетиот удар на Меси, топката отскокна до аргентинските играчи, а Хулијан Алварез со великолепен удар од работ на шеснаесетникот го погоди горниот лев агол, донесувајќи ѝ на Аргентина водство од 2:1.
На самиот крај, Швајцарија се обиде со напад “сè или ништо”, што отвори простор за контранапад. Лаутаро Мартинез стави точка на натпреварот во првата минута од судиското продолжение.
Foto/ EPA





