Американското јужно командување (САУТКОМ) спроведе три воздушни напади на пловила во источниот дел на Тихиот Океан и Карибите, при што загинаа 11 лица, соопшти американската војска во вторник. Нападите беа насочени кон области познати по трговијата со дрога. Во првиот напад загинале четири лица, во вториот исто така четири, а во третиот напад загинале три, стои во соопштението. „Разузнавачките информации потврдија дека пловилата се движеле по познатите маршрути за трговија со дрога и биле вклучени во операции на криумчарење“, истакнува САУТКОМ на социјалната мрежа Икс.




