(Видео) Аматерски изведен пенал го однесе Вест Хем во четвртфиналето на ФА купот

(Видео) Краток пенал со аматерска изведба го одведе Вест Хем во четвртфиналето на ФА купот

Данго Уатара, крилниот напаѓач на Бренфорд, доживеа еден од најпотешките моменти во својата кариера на стадионот на Вест Хем.

По натпреварот исполнет со возбудување, Вест Хем успеа да го елиминира Брентфорд по изведувањето на пенали и се пласира во четвртфиналето на ФА купот.

Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 2:2, а двата гола за Вест Хем ги постигна Џерод Боувен, додека Игор Тијаго беше стрелец за Брентфорд.

Во серијата на пенали, единствениот кој не успеа да реализира беше Уатара. Репрезентативецот на Буркина Фасо направи обид со паненка, но ударот му беше толку слаб што топката едвај стигна до голманот Ареола.

Foto/ EPA