Фудбалерите на Ајакс во шестото коло од Лигата на шампионите конечно ја запишаа првата победа. Холандскиот тим забележа триумф во Азербејџан, победувајќи го Карабаг со 4:2. Вчера, во терминот од 18:45 часот, се одигра и натпреварот помеѓу Копенхаген и Виљареал, каде данскиот состав ги шокираше Шпанците со победа од 3:2.
Ајакс на овој начин ги освои првите бодови во Лигата и се искачи на 33-то место на табелата, додека Карабаг останува на 21-во со седум освоени бода.
Клубот од Амстердам подобро го започна натпреварот, но првите поени ги реализираше Карабаг.
После прецизно додавање од Џафаргулиев, Дуран успеа да го доведе својот тим во водство со одличен потег од левата страна на шеснаесетникот.
Ајакс не дозволи да биде надминат и до крајот на првото полувреме израмни преку Каспер Долберг.
Во второто полувреме, Карабаг повторно поведе, кога Малес Силва со малку среќа постигна гол.
Сепак, Ајакс покажа карактер и во последните 15 минути од мечот извојува победа. Во 79-та минута израмни Оскар Глук, а само четири минути подоцна, Антон Гаеи со феноменален удар го комплетираше пресвртот. Глук на крајот стави точка на победата со својот втор гол.
Виљареал, уште еднаш, ги разочара своите навивачи во Лигата на шампионите. И покрај одличните настапи во Шпанија оваа сезона, во ЛШ во првите шест кола освоија само еден бод и се наоѓаат на претпоследното место на табелата.
Копенхаген, среде Шпанија, ја потопи „жолтата подморница“ со голот на Корнелуис во 90-та минута.
На стадионот „Ла Керамика“, данскиот тим двапати водеше, Виљареал двапати израмни, но на крајот не успеа да го поништи голот на Корнелуис.
Мохамед Елјунуси погоди рано во втората минута, а во 47-та изедначи Комесањ. Веднаш потоа Ачури повторно ја врати предноста за Копенхаген.
Олувасени израмни на 2:2 во 56-та минута.
Фото/ EPA




