Вештачката интелигенција ќе ја скрати работната недела на 3,5 дена, а животниот век ќе го продолжи на 100 години

Извршниот директор на JPMorgan, Џејми Дајмон, ги отфрли предвидувањата на судниот ден за влијанието на вештачката интелигенција (ВИ) врз човештвото, нагласувајќи како оваа технологија значително ќе го подобри бизнисот и рамнотежата помеѓу работата и животот на вработените.

Дајмон, познат по промовирањето на традиционалните работни норми како што се напорна работа и подготвеност да се справи со секој предизвик, сега предвидува дека идните генерации би можеле да работат ден и половина помалку, секоја недела, благодарение на вештачката интелигенција. Исто така, тој очекува дека просечниот животен век на вработените во иднина би можел да достигне 100 години.

Дајмон за ТВ Блумберг изјави дека илјадници вработени во JPMorgan веќе користат технологии за вештачка интелигенција, додавајќи дека вештачката интелигенција е „жив организам“ кој ќе се развива низ историјата. JPMorgan планира да користи вештачка интелигенција за широк опсег на задачи, вклучително и откривање грешки, тргување, истражување и заштита, поттикнувајќи стравувања дека вештачката интелигенција може да ги замени работните места на луѓето.

Голдман Сакс предвидува дека технологијата би можела да замени околу 300 милиони работни места ширум светот, додека четвртина од американските работници стравуваат дека вештачката интелигенција може да ги загрози нивните работни места и улоги. Дајмон, сепак, нагласува дека општествата низ историјата веќе успешно ги надминале технолошките промени, посочувајќи дека вештачката интелигенција носи огромни можности за подобрување на животниот стандард.

Прочитајте и:  Мета: Вештачката интелигенција не ги наруши изборните процеси изминатава година

„Вашите деца ќе живеат до 100 години и нема да добијат рак благодарение на технологијата“, вели Димон. Нивната работна недела ќе трае три и пол дена.

ВИ го скратува работното време и ја зголемува продуктивноста
Извештајот на McKinsey минатата година покажа дека генеративната вештачка интелигенција може да автоматизира 60-70% од задачите што моментално ги извршуваат вработените, додавајќи меѓу 2,6 и 4,4 трилиони долари годишно на глобалната економија.

Истражувањето од Велика Британија покажало дека четиридневната работна недела го намалува бројот на денови за боледување за 65%, додека 71% од вработените пријавиле помало ниво на стрес. Како резултат на тоа, 92% од компаниите кои учествуваа во програмата го задржаа тридневниот викенд.

Дајмон предупреди дека вештачката интелигенција може да биде моќно оружје во погрешни раце, укажувајќи на ризици како што е сајбер војната. Како и другите лидери како Стив Возниак и Бил Гејтс, Дајмон се залага за регулаторни ограничувања за контрола на технологијата.

Дајмон призна дека вештачката интелигенција ќе предизвика нарушување во животот на вработените чии улоги ќе бидат заменети со технологија. JPMorgan планира на таквите работници да им понуди нови позиции.

- Реклама -