Верстапен: Ред Бул има целосна доверба во главниот стратег Шмиц

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изрази силна доверба во способностите на главниот инженер на тимот, Хана Шмиц.

На Големата награда на Катар, благодарение на успешната стратегија, Верстапен го освои првото место и ја намали разликата по поени од водечкиот во шампионатот, Ландо Норис, на само 12 поени.

„Со Хана имаме долго и плодотворно соработка. Споделивме неколку неверојатни моменти и возевме исклучителни трки. Нејзината стручност е извонредна, и поради тоа имаме целосна доверба во неа. Одлично е да се започне трката со знаење дека таа е во боксот. Комуникацијата ни е одлична и сè е многу поедноставно. Тоа ми се допаѓа,” изјави Верстапен.

Последната трка од Формула 1 шампионатот за сезоната 2025 е закажана да се одржи во Абу Даби овој викенд.

Фото: ЕПА