Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс најави дека преговорите помеѓу САД и Иран во Исламабад завршија без постигнување договор, по долгите 21 час интензивни разговори. „Лошата вест е што не успеавме да се согласиме. И, искрено, ова е многу полошо за Иран отколку за САД“, изјави Венс, додавајќи дека американскиот тим се враќа без конкретни резултати.
Според Венс, клучен пункт во овој спор останува иранската нуклеарна програма. Американската делегација барала јасна и недвосмислена обврска од Иран дека нема да развива нуклеарно оружје или капацитети што би му овозможиле брзо да дојде до такво оружје. „Тоа е нашата основна црвена линија. До сега сè уште не сме виделе таква посветеност“, истакна Венс.
Тој дополнително посочи дека, иако делови од иранската нуклеарна инфраструктура се веќе ослабени, клучно е да се обезбеди долгорочно гарантирање дека програмата нема да биде обновена. Додека, Доналд Трамп изрази резервираност во однос на исходот, нагласувајќи дека за САД „во секој случај исходот е победа“, алудирајќи на воената позиција на Вашингтон.
Од иранска страна, вината за неуспехот се префрла на САД, со коментар дека американските барања биле „неразумни“ и дека ги блокирале напорите за напредок. Разговорите, кои представуваат ретка директна дипломатска средба помеѓу двете земји по децении непријателство, откриваат дека двете страни остануваат на тврдите позиции, а нуклеарното прашање и понатаму претставува главна пречка за можен договор.




