Вечерва во неколку региони во Македонија се очекува дожд, а врнежите ќе продолжат и во следните денови.
Утрешниот ден ќе донесе сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Попладневните часови носат можност за изолиран развој на нестабилна облачност, со локални поројни врнежи и грмежи.
Во Скопје, времето ќе биде сончево, со умерена облачност. Ветрот ќе биде слаб, исто така од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 36 степени.
Во понеделник, на повеќе места се предвидува нестабилно време, со поројни дождови и грмежи, а локално може да се појават и посилни невремиња со засилен ветер и краткотрајна појава на град.
Нестабилноста ќе се задржи и во вторник, додека од среда се очекува времето да се стабилизира, со пораст на дневните температури.



