Вчера, покрај насилникот што пукаше и се закануваше на сопругата и децата, се случи уште еден инцидент на семејно насилство.

На прашањето на новинарите за најновиот инцидент на семејно насилство, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изрази дека не е целосно запознаен со сите детали на случајот, но потврди дека насилникот е задржан. Тој исто така нагласи дека ова не е единствениот случај, бидејќи е уапсено и уште едно лице за семејно насилство, кое исто така е задржано во полициска станица.

„За конкретниот инцидент, кој се случи во текот на вчерашната вечер, добив кратки информации од началникот на СВР Скопје пред да започне овој настан. Знам дека потенцијалниот насилник е задржан во полициска станица и ќе се преземат дејствија согласно првично утврдената фактичка состојба. Важно е да напоменам дека за среќа нема смртни последици. Во моментов, не би сакал да споделам повеќе детали бидејќи за тоа не располагам со целосни информации. Меѓутоа, е јасно дека постапката ќе биде процесирана согласно законските норми и дека ќе следи итна постапка во судот.

Прочитајте и:  Алиу: Дигитализацијата и отпорноста на здравствениот систем се наши главни приоритети.

Дополнително, во текот на вчерашната вечер беа пријавени уште еден инцидент поврзан со семејно насилство. Како што сум информиран, и за овој случај имаме задржан насилник, со кој ќе работиме во соработка со јавното обвинителство“, рече Тошковски.