Вашингтон со итен повик: Американците во Блискиот Исток итно да ги напуштат овие земји

Помошничката на американскиот државен секретар за конзуларни работи, Мор Намдар, упатува итен повик до сите американски државјани кои се наоѓаат на Блискиот Исток да ги напуштат земјите поради „сериозни безбедносни ризици“. Во објава на социјалните мрежи се истакнува дека Американците во Бахреин, Египет, Иран, Ирак, Израел, Западен Брег, Газа, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и Јемен треба „ВЕДНАШ ДА ЈА НАПУШТАТ“ земјата со комерцијални летови.

Овие предупредувања доаѓаат во време на зголемена ескалација на конфликтот во регионот, со зголемени ракетни напади и активности на беспилотни летала, што создава растечка безбедносна закана за странските државјани. Американските власти ги поттикнуваат граѓаните да внимателно ги следат официјалните информации и безбедносните упатства, со цел што поскоро да преземат мерки за заминување, додека сè уште има можност за комерцијални летови.