ФК Вардар по неколку години повторно ќе ја претставува нашата земја во еврокуповите. Со освојувањето на Купот на Македонија минатата сезона, „црвено-црните“ обезбедија учество во Конференциската лига на УЕФА.
Во првата елиминациска рунда, Вардар ќе се соочи со екипата Ла Фиорита од Сан Марино. Првиот натпревар ќе се одржи на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, во четврток (10. јули) со почеток во 20 часот.
Од клубот потврдуваат дека билетите за овој натпревар се веќе во продажба. Цените на влезниците се 100 и 300 денари и се достапни преку платформата МкТикетс.




