Македонскиот фудбалски клуб Вардар ја дозна својата ривалска екипа во првото коло од Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се натпреваруваат против финскиот првак КУПС во обидот да се квалификуваат во следната рунда.
Во редовите на македонскиот шампион настроени се оптимистички разочарани од ждрепката, иако предизвик може да претставува фактот што сезонава во Финска е во полн тек.
Првите натпревари од квалификациите се планирани за 7 и 8 јули, додека реваншите ќе се играат на 14 и 15 јули. Специфичните датуми ќе бидат утврдени подоцна од страна на УЕФА.
Парови од првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите:
Сабах (Азербејџан) – Њу Сеинтс (Велс)
Флора (Естонија) – Иберија (Грузија)
Линколн (Гибралтар) – Интер Ескаладес (Андора)
Флоријана (Малта) – Шамрок Роверс (Република Ирска)
Тре Фјори (Сан Марино) – Ларне (Северна Ирска)
Арарат-Ерменија (Ерменија) – Рига (Латвија)
Вардар (Северна Македонија) – КУПС (Финска)
Кауно Жалгирис (Литванија) – Дрита (т.н. Косово)
Витебск (Белорусија) – Универзитет во Крајова (Романија)
Петрокуб (Молдавија) – Егнација (Албанија)
Борац (БиХ) – Левски (Бугарија)
Викингур (Исланд) – Ѓер (Унгарија)
Каират (Казахстан) – Сутјеска (Црна Гора)
Клаксвик (Фарски Острови) – Атерт Бисен (Луксембург)
Победниците од овие натпревари ќе се квалификуваат за втората рунда од квалификациите за елитното европско натпреварување, додека поразените ќе ја продолжат својата европска сезона во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Фото/ ffm.mk




