Вардар сè поблиску до титулата, Работнички и Пелистер без победник

Лидерот Вардар направи значителен чекор кон освојување на титулата, откако попладнево го совлада Башкими со резултат 2-0 во рамките на 30. коло во Првата македонска фудбалска лига. Оваа победа му обезбеди предност од шест бодови пред второпласираната Шкендија, додека во пресметката меѓу директните конкуренти за опстанок, Работнички и Пелистер одиграа нерешено 3-3.

На неутрален терен во Гостивар, Вардар повеќе од успешно се справи со Башкими, постигнувајќи два гола во првото полувреме. Закариќ отворил со гол во 8. минута, а Николов во 45. минута го поставил конечниот резултат.

Како најтрофејниот клуб во Македонија, Вардар сега има предност од шест бодови над актуелниот шампион Шкендија, со три кола до крајот на сезоната, приближувајќи се до освојување на својата 12. титула, прва по сезоната 2019/20.

Во дербито на дното, Пелистер имаше тешка задача во Скопје, но со три враќања од негативни резултати успеа да извлече бод против Работнички во судското продолжение.

Прочитајте и:  Авионот со македонската фудбалска репрезентација принудително се врати во Истанбул по само 20 минути лет.

Работнички отвори со гол на Мухарем во 4. минута, но само пет минути подоцна, Булатовиќ израмни. Работнички замина на полувреме со водство од 2-1 благодарение на прецизноста на Демири од белата точка во 26. минута, а Хоџа во 55. минута зголеми предноста на 3-1.

Сепак, тимот од Битола не се предаде. Откако Петковски во 72. минута ја намали негативата, Ивановски во втората минута од судиското продолжение донесе важен бод за Пелистер во борбата за опстанок.

В недела се играат двата завршни натпревари од 30. коло, со Струга која ја пречекува АП Брера, додека Арсими гостува кај Тиквеш.

Табела: Вардар 74, Шкендија 68, Струга 62 (-1), Силекс 53, Тиквеш 40 (-1), Башкими 40, Арсими 38 (-1), Пелистер 33, АП Брера 33 (-1), Македонија ЃП 30, Работнички 29, Шкупи 1.