Американскиот кошаркар Итан Хап повеќе не е член на тимот на Валенсија, соопшти шпанскиот клуб.
Хап имаше проблеми со повреда на стапалото што ја доби минатата сезона. Тој се придружи на Валенсија во летото 2024 година, но успеа да одигра само 10 натпревари за „Лилјаците“ во сите конкуренции.
Репрезентативецот на Македонија имаше договор со Валенсија до следното лето, но клубот одлучи да не чека дополнително за неговото закрепнување, кое сè уште продолжува.
Хап има 29 години и пред да пристигне во Валенсија, го носеше дресот на Гран Канарија.
Foto/ EPA




