Вo автобус на „Дурмо турс“ на границата откриени 600 куршуми

Во автобус запрен на граничниот премин Табановце е откриена муниција. Според информации од ТВ Алсат, мобилните екипи на Царинската управа вчера рано утрото во автобус на компанијата „Дурмо Турс“ пронашле околу 600 патрони.

„При претресот беа пронајдени приближно 600 патрони, предназначени за лесно и долго оружје. Неофицијално, се дознава дека запленетата муниција припаѓа на еден од возачите на автобусот, кој ја криел на специјално место“, извести Алсат.

Од Обвинителството потврдија дека е отворена истрага. Основното јавно обвинителство во Куманово покрена постапка против две лица, на кои им се определени мерки на претпазливост по предлог на обвинителот. Испитувањето на настанот продолжува, а се вршат и дејства за утврдување на потенцијалната инволвираност на други лица, велат од Јавното обвинителство.