Во врска со овие случаеви, Комисијата оценува дека одредени аспекти во третманот и управувањето со пациентите биле подочекиваните професионални стандарди, што можеби негативно влијаело на клиничките резултати.
Пациентите, кои биле предмет на анализа, имаат возраст од 45 до 78 години. Случаите што се анализирани се однесуваат на интервенции и процедури реалзирани во јавните и приватните здравствени установи. Ова вклучува случаи од неколку клиники и болници, како што се ЈЗУ Универзитетската клиника за кардиологија, ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиохирургија, Клиничката болница во Штип, ГОБ „8 септември“, ПЗУ „Кардио арт“ во Штип, Клиничка болница „Жан Митрев“ и Клиничка болница „Аџибаден Систина“, истакна Алиу.
Тој нагласи дека овие наоди се сериозни и не треба да се релативизираат. Исто така, рече дека тие не смеат да се користат за генерализирање или нарушување на угледот на целата лекарска професија, како и за стигматизација на здравствените установи. Забележа дека многу лекари во нашата земја работат професионално и чесно.
Меѓународната комисија од експерти е формирана во февруари, а нејзината задача беше да ги разгледа предметите и случаите на тројца лекарски специјалисти – доктор Уголини Ливи, кардиохирург од Италија, доктор Никола Лакиќ, кардиоваскуларен хирург од Словенија, и доктор Черчер Миха, интервентен кардиолог од Словенија.
„Целта беше да се обезбеди независен стручен увид во потенцијални пропусти во процедурите и постапките кои ги посочи домашната комисија. Одговорност, транспарентност и заштита на пациентите беа водечките принципи во овој процес“, рече Алиу.
Меѓународната комисија минатата недела ги представи наодите од стручниот увид, кои, според министерот Алиу, значително се совпаднаа со наодите на домашната интерна комисија што броеше девет членови.
„Важно е да се истакне дека двете комисији работеа независно една од друга“, нагласи Алиу.
Деветте сомнителни случаи, како и наодите од Меѓународната комисија, ќе бидат поднесени до Владата, Јавното обвинителство и сите надлежни институции во земјата.
Експерти од овој област истакнуваат дека случајот со деветте пациенти не може да се поедностави на тврдење дека се изведувале „непотребни операции“. Напротив, од изјавата на министерот Азир Алиу произлегува дека странските експерти укажале на сосема поинаков и поспецифичен проблем: сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација.
Во суштина, проблемот не е во самиот оперативен зафат, туку во она што му претходело: коронарографијата, ангиографските наоди, писмениот извештај и индикацијата за интервенција. Кога постои несогласување меѓу ангиографските снимки и писмениот извештај, клучното прашање е дали дијагностичката документација била правилно интерпретирана и дали на таа основа била донесена соодветна индикација за третман.
Ова воочуваат и формулациите кои укажуваат дека „постои несоодветна индикација за процедурите“. Оттука, наодите на странската комисија поставуваат сериозни прашања за квалитетот на дијагностичката проценка, контролата на медицинската документација и процесот на донесување одлуки за ендоваскуларен или хируршки третман. Но, тие не дозволуваат поедноставен заклучок дека секоја спорна постапка автоматски значи „непотребна операција“.
Попрецизно, според досега објавеното, суштината на проблемот лежи во дијагностичко-евалуацискиот дел и во поставувањето на индикацијата, а не во самиот оперативен чин. Затоа, јавната дебата треба да прави јасна разлика меѓу сомнежот за погрешно или неусогласено толкување на дијагностичките наоди и тврдењето дека биле изведени операции без медицинска основа.



