Утре почетна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата на Република Македонија

Почесна артилериска стрелба во Скопје

Армијата на Република Македонија известува дека утре, со почеток во 19:00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се одржи почесна артилериска стрелба. Оваа активност ќе вклучува истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија, реализирано од единица на артилерискиот баталјон.

Почесната стрелба е дел од протоколарните обврски на Армијата, во рамките на одбележувањето на празници. Овој настан се организира по повод 18 август, Денот на Армијата.

Истиот ден, во 18:00 часот, ќе се изврши и пробна артилериска стрелба со еден плотун.