Aктивиран ЦРВЕН метео аларм, важни совети за граѓаните

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објави црвен метеоаларм за утре, со прогноза за сончево и многу топло време во целата држава.

Дневните температури се очекуваат да достигнат интервал од 35 до 42°C.

На граѓаните им се препорачува да преземат мерки за заштита од топлотата, како што се избегнување на директна сончева светлина во најжешките часови, консумирање на доволни течности и носење на лесна облека.