Уставен: Референдумот на 30-ти септември ќе се одржи

Денеска во Уставниот суд е одлучено дека референдумот на 30-ти септември ќе се одржи.

Претходно, до Уставниот суд беше поднесена иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за референдумот. Седум уставни судии гласаа против оваа иницијатива, а двајца за.

Подносителите од Левица и Светскиот Mакедонски Kонгрес обвинија за притисок врз судиите.

Седницата на која сите 9 уставни судии ги образложија своите излагања траеше околу два часа.

Од седницата незадоволни излегоа подносителите на иницијативата Димитар Апасиев од Левица и Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес.

Прочитајте и:  Мицкоски: ДУИ точно знаат како функционира Уставен и дека тоа е процес кој трае со месеци, како политички глодари имаат една цел
- Реклама -