По седум години отсутност, Унгарија размислува за враќање на изборот за песна на Евровизија. Иницијативата ја покренал унгарскиот премиер, Петар Маѓар, кој најавил дека планира да побара истражување на условите под кои земјата би можела повторно да се вклучи во натпреварот. Унгарија последен пат учествуваше во Евровизија во 2019 година, по што се повлекла од настанот.
За време на неодамнешната посета на Виена, Маѓар изјави за австриската телевизија ОРФ дека ќе го задолжи министерот за култура или државниот секретар да ги проучат можностите за враќање на Унгарија на евровизиската сцена. „Нема причина Унгарија да не учествува во ова натпреварување“, истакна Маѓар, додавајќи дека од неговото доаѓање на функцијата, има бројни побарувања од јавноста за враќање на земјата на Евровизија.
Официјално објаснување за повлекувањето на Унгарија во 2019 година никогаш не беше дадено. Сепак, медиумските анализи и јавните дебати од тоа време ја поврзуваа одлуката со конзервативните политики на поранешниот премиер Виктор Орбан и најчесто критичкиот однос кон ЛГБТК+ заедницата, која често се поврзува со културата на Евровизија. Доколку оваа иницијатива биде реализирана, Унгарија би можела повторно да се појави на сцената на Евровизија по пауза од седум години.




