Улогата на библиотеките во промовирањето инклузивност и достапност на конференција во Велес

Во хотел „Глориус“ покрај велешкото езеро „Младост“ денес и утре се одржува 5. Меѓународна конференција на библиотекари. Темата на годинашната конференција е „Услуги за корисници со посебни потреби и лица со попреченост.“ Освен домашни библиотекари, на настанот учествуваат и искусни стручњаци од Србија, Хрватска, Косово, Албанија и Република Српска. Здружението на библиотекари му додели специјално признание на Јовица Никчевски, директор на Националната и Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, која минатата година одбележа 80 години постоење.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакна дека библиотеките задржуваат својата важност и значење, особено во дигиталната ера. Тој посочи дека библиотекарите не се само чувари на книги, туку и едукатори кои промовираат критичко размислување и ја градат инклузивноста во општеството. На конференцијата се дискутира за пристапноста и поддршката за лица со посебни потреби, вклучувајќи употреба на Брајово писмо, аудио материјали и дигитални формати.

Јана Михајловска, претседателка на Македонското здружение на библиотекари, изјави дека платформата на конференцијата е создадена за размена на знаења и искуства. Таа верува дека конференцијата ќе има влијание врз развојот на инклузивни услуги во библиотеките.

Јовица Никчевски истакна дека признанието не е само негово, туку е признание за сите претходни и сегашни колективи на библиотеката. Здружението додели и плакета на Министерството за култура и туризам. Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, Универзитетската библиотека „Макс Ван дер Штул“ од Тетово и Библиотеката од училиштето „Кочо Рацин“ од Кочани добија награди во своите категории.

Наградата за животно дело ја доби Елисавета Костадинова, библиотекар советник од НУБ „Свети Климент Охридски“. Конференцијата ќе заврши утре со завршни заклучоци, кои потоа ќе бидат доставени до Министерството за култура и туризам.