Украина собори 10 дрона лансирани од руска страна

Беспилотните летала се уништени над Запорожје и Дњепропетровск во Украина, информираат украинските воздухопловни сили

Системите за противвоздушна одбрана уништиле 10 беспилотни летала кои Русија ги лансирала во текот на ноѓта, соопштија украинските воздухопловни сили.

Оттаму информираат и дека беспилотните летала се уништени над Запорожје и Дњепропетровск во Украина.

Фото: EPA-EFE/SGT LEE GODDARD/BRITISH ROYAL AIR FORCE MANDATORY

„Според прелиминарните податоци, немаме информации за жртви“,

напиша Василиј Голубев, гувернер на Ростовската област што граничи со Украина, на апликацијата Телеграм.

Претходно, украинските власти објавија дека неколку резервоари за складирање на нафта гореле по напад со беспилотно летало во градот Азов во јужниот дел на руската област Ростов.

Руското министерство за вонредни ситуации објави дека пожарот зафатил површина од 5 000 метри кубни, а со пожарот се борат неколку десетици пожарникари.

- Реклама -