Украина објави дека успеала да воспостави воздушна контрола над важен руски коридор кон Крим.

Украинската армија објави дека оператори на дронови од Третиот полк за специјални операции успеале да воспостават воздушна контрола над дел од рускиот копнен коридор за снабдување кој води кон окупираниот Крим. Според извештаите, дроновите сега можат да напаѓаат руска воена техника и логистички цели по патот Мелитопол – Чонгар во јужна Украина, кој претставува важна врска со полуостровот анектирано од Русија во 2014 година.

Од полкот истакнаа дека ова дополнително ги отежнува руските логистички операции и снабдувањето со гориво кон Крим. „Ова е само почеток. Следува уште“, соопштија од украинската војска, дополнувајќи го своето соопштение со видео за кое тврдат дека прикажува напади со дронови на руски цели. Во моментов, независна проверка на снимките не е достапна.

Во последните месеци, Украина драстично ги зголеми способностите за напади со дронови на средно растојание и редовно напаѓа руски воени цели на оддалеченост од десетици до стотици километри зад линијата на фронтот. Особено во фокусот на нападите се логистичките правци и складиштата за гориво во окупираните делови на јужна Украина, кои формираат копнена врска помеѓу Русија и Крим.

Прочитајте и:  „Која е Лорет“ – претстава која инспирира млади да ја разберат различноста на другите во целата нејзина длабочина.

Пред некое време, украинските сили изведоа напади на железничката инфраструктура што води кон Крим, а бригадата „Азов“ објави снимки од удари врз руски цели во окупираните градови Доњецк и Мариупол. Според информации од украински извори, извршени се повеќе од педесет напади врз важни транспортни правци во окупираните територии, вклучувајќи ја и трасата Р-280, позната како „Новорусија“, која го поврзува Ростов на Дон со Крим.