Украина и Русија денеска повторно извршија размена на воени заробеници, согласно договорот постигнат во Истанбул.
Ниту Киев, ниту Москва не објавија информации за бројот на разменетите воени заробеници.
За време на втората рунда директни преговори во Истанбул, двете земји се договорија да ослободат најмалку по 1.200 повредени заробеници и војници помлади од 25 години, како и да се вратат илјадници тела на загинатите војници.




