Управата за јавни приходи не може да објасни зошто значителен број македонски граѓани не ги добија своите средства од скенирањето на фискалните сметки. Измина и последниот рок за исплата, а многумина сѐ уште чекаат на своите средства. Ова е прв пат, откако е воведена оваа мерка, да се соочиме со ваква ситуација. Станува збор за редовниот поврат на ДДВ за последниот пресметковен период (јули, август и септември), кој веќе требаше да биде дистрибуиран на трансакциските сметки на граѓаните.




