УХМР упатува предупредување за локални временски непогоди со дожд, громови и град.

Времето денес ќе биде претежно сончево и топло со малку до умерена облачност. Во попладневните часови се очекува појава на локална нестабилност, која ќе носи краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и шанси за изолирани појави на град. Ова го соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според нивната прогноза, ветерот ќе дува слаб до умерен од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 26 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во некои делови на котлината попладне се очекуваат услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура во главниот град ќе биде околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени. Од УХМР предупредуваат дека локалната нестабилност во попладневните часови може да биде интензивна на некои места, со можност за појава на град и засилен ветер.