Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) донесе одлука да казни неколку клубови поради непочитување на правилата за финансиски фер-плеј.
Клубовите Барселона, Челзи, Астон Вила, Рома, Лион и Хајдук Сплит не успеаја да избегнат санкции од УЕФА за неправилности во финансиското работење.
Најтешко беше за Челзи, кој ќе треба да плати меѓу 20 и 31 милион евра (досега не е утврдено која од двете суми се применува), плус дополнителни 60 милиони евра под услов.
Астон Вила, исто така од Премиер лигата, успеа да избегне казна од домашното првенство, но неодамна доби наложена казна од УЕФА во висина од 11 милиони евра, додека дополнителни 15 милиони се условни.