Белградската полиција уапси тројца мажи – Н.Л., С.М. и М.С. – по исчезнувањето на А.Н., а Вишото јавно обвинителство има сомнеж дека мажот е убиен. Поради наводно соучесништво, уапсени се и тројца полицајци – Б.М. (41), С.С. (33) и П.П. (47), кои се обвинети за непријавување на кривично дело и за помагање на сторителот.
Според обвинителството, Н.Л. е сопственик на локалот на Сењак, каде А.Н. последен пат бил виден. А.Н. сè уште не е пронајден, а во ресторанот, по апсењето на С.М. и М.С., биле пронајдени две чаури и траги од крв кои се поврзуваат со исчезнатиот маж.
Неговата невенчана сопруга, Ј.М., го пријавила исчезнувањето, објаснувајќи дека последен пат се чуле на 12 мај околу 23 часот, додека А.Н. бил во ресторанот на Сењак со пријатели. „По 23 часот А.Н. престанал да ѝ се јавува, а неговиот мобилен телефон бил исклучен“, се наведува во соопштението.
Во близина на локалот, во контејнер, е пронајден мобилен телефон „ајфон“ без познат сопственик. На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе бидат изведени на сослушување во Вишото јавно обвинителство во Белград. Истрагата продолжува, а полицијата и натаму интензивно трага по исчезнатиот А.Н.




