Уапсени лица под сомнение за подметнување пожари во близина на Патра
Во два одвоени инциденти, три лица на возраст од 19, 25 и 27 години беа приведени под сомнение за подметнување на два пожари во близината на градот Патра, кој се наоѓа во северозападниот дел на Пелопонез. Пожарникарите продолжуваат да се борат со огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информации од грчките медиуми, за двајца од приведените постојат фотографии кои ја потврдуваат нивната поврзаност со еден од пожарите. Двојката, од кои 19-годишникот веќе ја признал вината, потврдил дека заедно со 27-годишниот учествувал во подметнувањето на огнот во вторникот вечерта.
Истовремено, попладнево, грчката полиција уапсила 25-годишен маж во областа Ахаија, кој исто така се сомничи за подметнување пожар.
Во регионот на северозападниот Пелопонез, огнените јазици уште не се ставени под контрола и досега изгореа површина од околу 1.000 хектари.




