Уапсени три лица во Штип, пронајдени автоматски оружја и муниција

Претрес во домот

Според претходно добиените информации и со согласност на Е.Д., полициските службеници спровеле претрес во неговиот дом. За време на акцијата, биле затекнати Н.Р. и В.М. при што биле пронајдени и одземени три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки со по 30 куршуми, како и две рамки со по 20 куршуми калибар 7,62мм.

Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во соработка со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни обвиненија.