Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, на вонредна конференција во базата на специјалните сили во јужна Митровица изјави дека за експлозијата кај водотекот Ибар-Лепенец е одговорен официјален Белград. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Белград недвосмислено негира каква било вмешаност во нападот на каналот Ибар-Лепенац, повикувајќи на „темелна, непристрасна и транспарентна истрага“
Косовската полиција уапси осуммина осомничени и заплени оружје и експлозиви во опсежна рација во северно Косово по експлозијата то вчера се случи на водоводниот канал Ибар-Лепенец во селото Варага кај Зубин Поток.
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, на вонредна конференција во базата на специјалните сили во јужна Митровица изјави дека за експлозијата кај водотекот Ибар-Лепенец е одговорен официјален Белград.
„По интензивна истрага, денеска извршивме контроли на 10 локации, при што беа уапсени осум лица осомничени дека учествувале во криминални и терористички акции. Контролата е извршена во соработка со правосудните органи и Косовската разузнавачка агенција (КОА). Запленетео е оружје, експлозиви, униформи и други предмети кои ќе служат за истрагата. Владата на Косово и нејзините институции нема да запрат додека сите овие криминалци и терористи не бидат уапсени и изведени пред лицето на правдата“,
рече тој.
Посочи дека овој напад, е организиран и добро испланиран од групи или организации кои се професионални во извршување на терористички акции, кои нанесуваат голема штета на критичната инфраструктура.
Директорот на полицијата Газменд Хоџа изјави дека последните три напади на северот на Косово се оквалификувани како терористички напади кои имаат за цел да ја поткопаат безбедноста на Косово.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Белград недвосмислено негира каква било вмешаност во нападот на каналот Ибар-Лепенац, повикувајќи на „темелна, непристрасна и транспарентна истрага“.
„Таквите неосновани тврдења имаат за цел да го нарушат угледот на Србија, како и да ги поткопаат напорите за промовирање мир и стабилност во регионот“,
рече тој.
Најави дека утре во 11 часот ќе и се обрати на јавноста за експлозијата на каналот Ибар-Лепанац, како и дека ќе зборува и за акциите на косовската полиција која претресувала куќи во селата Угљаре и Вараге.