Турски државјанин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар

На 15.08.2025 година, во 07:37 часот, во Службата за безбедност на Скопје, беше пријавено дека во еден хотел на подрачјето на Бит Пазар е пронајден починат А.З. (44) од Република Турција.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лекар од Итна медицинска помош потврдил дека стапил во контакт со телото и констатирал смрт без видливи знаци на насилство.

Пријавен е и увид од истражна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.