„Опозицијата е без идеи и недостасува конструктивност за да може да ја коригира власта, при што се соочува со свои внатрешни проблеми. Во тој контекст, сметам дека оваа интерпелација е неоснована. Нејзините иницијатори се обидуваат да ја нарушат репутацијата на министерот за земјоделство за да изградат личен рејтинг и да создадат илузија на активност“, истакна Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, одговарајќи на новинарско прашање во врска со поднесената интерпелација. Министерот Трипуновски додаде: „Имаме доволно аргументи со кои ќе се супротставиме и ќе ја покажеме работата што ја извршивме во изминатите две години, во споредба со нивните седум години.“




