Трипуновски: Босилово е модел за современа и успешна општина со развиено земјоделство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ја започна кампањата под називот „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ од општина Босилово. Тој нагласи дека Босилово е пример за современа и успешна општина, со силна земјоделска традиција.

„Во текот на кампањата, во следниот период ќе бидат посетени над 30 општини и повеќе од 120 населени места. Активностите ќе се реализираат преку два поголеми и шест помали тима, кои ќе ја посетат секоја општина“, изјави министерот.

Трипуновски истакна дека целта на оваа иницијатива е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да се презентираат досегашните политики и мерки во секторот, како и да се анализираат актуелните предизвици. Во Босилово, според Фарм регистарот, има повеќе од 1.600 регистрирани земјоделски стопанства и околу 10.000 хектари обработливо земјиште, од кои 2.000 хектари се во државна сопственост, а 8.000 хектари во приватна.

Прочитајте и:  Словачката репрезентација располага со развиен систем

„Како Министерство продолжуваме да спроведуваме одржливи политики и сме во комуникација со секој земјоделец“, додаде министерот. Тој акцентираше дека Владата посветува внимание на секој земјоделец кој произведува и дека секој од нив е важен за развојот на земјоделството.