Денвер Нагетс забележаа уверлива победа над Јута Џез со 135:112 во НБА, при што Никола Јокиќ стигна до својот 14-ти трипл-дабл за сезоната, а 178-ми во кариерата.
За помалку од две и пол четвртини, Јокиќ го оствари овој значаен успех кога му асистираше на Пејтон Вотсон седум минути пред крајот на третата четвртина. Заврши натпреварот со 14 поени (5 од 7 шутеви од поле), 13 скока и 13 асистенции, во само 29 минути игра.
Му недостасуваат четири натпревари за да го надмине Оскар Робертсон, кој заврши со 181 трипл-дабл во кариерата, за да се искачи на второто место на вечната листа.
Во Колорадо, натпреварот беше фактички решен во првите моменти. Денвер направи предност од 19:0 и од тој момент, немаше сомнеж за конечниот победник. Јута никогаш не успеа да се приближи на помалку од 17 поени негатива.
Интересно е што Јокиќ беше шестиот стрелец на Нагетс во овој натпревар. Најефикасен беше Мареј со 27 поени, следуваа Тим Хардавеј Џуниор со 21, а Вотсон и Кем Џонсон со по 20 поени. Браун заврши со 15 поени. Ова беше 21-та победа за Денвер, со седум загуби.
Од Јута, Лаури Марканен постигна 27 поени, додека Кејонте Џорџ реализираше 20 поени. Јусуф Нуркиќ постигна 17 поени и 14 скока.
Foto/ freerangestock




